ТМРО и движењето Бојкотирам во коалиција на локалните избори против нелегалните договори

ТМРО и движењето Бојкотирам и ТМРО на наредните локални избори ќе настапат заедно за да ја остварат „заедничката цел за враќање на владеењето на правото во Македонија, поништување на нелегалните договори и сите други законски повреди кои беа направени во периодот после 27 април 2017 до денес. ТМРО одлучи да отстапи дел од своите советнички листи и градоначалнички позиции на активисти на Бојкотирам за тие да можат да се појават на претстојните локални избори  без да треба да се соочат со опструкции при собирање на граѓански потписи, се вели во заедничкото соопштение.

На денешната промоција во Охрид на оваа соработка, двете организации истакнаа дека ќе продолжат да делуваат самостојно и ќе се борат за остварување на овие заеднички цели секоја на свој начин.

Во нивното заедничко соопштение се вели:

„Живееме во време кога нашата Република, и целокупната македонска нација ја доживува најотворената негаторска и анти-македонска политика од нашите соседи и од меѓународната  заедница во последните 100 години. Нашите државни институции, академска заедница и  медиуми се киднапирани од длабоко корумпирани кадри поставени од партии кои повеќе не се  ни срамат јавно да молат легитимитет од претставниците на меѓународната заедница, наместо да  го бараат од македонскиот народ и гласачите.

Истовремено, сведоци сме на напорите на владеачката политичка каста, олицетворена во  мамутите во изумирање ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да го замрсат и отежнат начинот со кој на  политичката сцена би можеле да се профилираат нови и партиски неизвалкани кадри – преку воведување на нереалистични цензуси, отежнување и опструирање на процесот за директно собирање потписи за независни граѓански листи и заплашување на вработените во администрација преку закани и политички притисок.

Единствените две политички организации кои во овој тежок момент за Македонија и македонскиот народ во ниту еден момент не тактизираа во однос на предавничките договори, не повикуваа на прифаќање на некаква псеудо-реалност и не го залажуваа народот со некакво митско „семакедонско“ обединување, беа политичката партија ТМРО и неформалната организација движењето Бојкотирам“.

Политичката партија ТМРО препозна во активностите на Бојкотирам сојузник кој под никакви околности нема да прифати нормализација на предавничките договори од Преспа, договорот за „добрососедство“ со Бугарија, како и сите интервенции врз законодавството на Република Македонија кои беа последица на т.н. „Тиранска платформа“. Бојкотирам препозна во партијата ТМРО цврста политика на македонски суверенизам и принципиелна борба за формирање на Македонија како национална држава на македонскиот народ, дури и во моменти кога таквите ставови не биле политички експедитивни“.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе