Реакција

ТМРО: Го приведоа за порака на Фејсбук, а потоа му фрлија и бомба врз возилото

Вчера вечер во Кавадарци беше извршен терористички акт со фрлање бомба врз возилото на првиот човек на Општинскиот комитет на ТМРО во Кавадарци Здравко Бошков. Овој терористички акт е извршен пред семејната куќа во Кавадарци, при што беа загрозени животите на малолетните деца и сопругата на Бошков, а се случи во моментите кога локалната полиција го приведе Бошков заради фејсбук-статус против градоначалникот Митко Јанчев и наводни закани во кафе бар, се вели во соопштението на ТМРО.

„Тоа што е симптоматично е што локалната полиција и инспектори по еден ваков терористички акт останаа неми и воопшто не реагираат и покрај индициите за нарачателот.

За ова ги известивме сите странски амбасади и јавно ги повикуваме и бараме итна реакција од премиерот и министерот за внатрешни работи, за итно откривање и приведување на нарачателот и извршителите на овој терористички акт во центарот на Кавадарци, со оглед дека постојат основани индиции локалните институции да го заташкаат случајот“, соопшти ТМРО.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе