ТМРО: ДЕА сама се справува со шверцерскиот нарко картел во Македонија, без знаење на МВР

Во организација на американската ДЕА беше изведена акција за сузбивање на шверцерски нарко картел во кој учествувале високи полициски структури во Македонија. Симптоматично е што корумпираниот македонски државен апарат „не знаел" за овој криминал, не реагирал и акцијата до последен момент е буквално криена од МВР, се вели во денешното соопштение на ТМРО.

„Значи ли тоа дека САД увидоа со кого си имаат работа во Македонија и решија на свој начин да расчистат со нарко картелите и полициската мафија во Македонија, со оглед дека и големата пасошка афера за македонски двојни пасоши на мафијашки босови, која континуирано траела можеби две децении е разоткриена во овој период“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе