Реакција

ТМРО: 8 дена притвор за фејсбук-статус, а за бомбата врз возилото на Бошков никој ништо не знае

Денеска Основното јавно обвинителство на Кавадарци одреди осумдневен притвор на претседателот на огранокот на ТМРО во оваа општина Здравко Бошков. Во вечерните часови на 30-ти декември пред неговата семејна куќа беше фрлена експлозивна направа при што целосно изгоре неговиот автомобил, а животите на двете малолетни деца и сопругата беа доведени во опасност. Полициската станица во Кавадарци, која е под директна ингеренција на локалната самоуправа, настанот воопшто не го објави во билтенот на дневни настани, обвинителството и крим техника не излегоа на лице место веднаш по настанот, а сторителите на терористичкиот акт, кој можеби има и политички димензии сеуште е без откриени сторители или нарачатели, се вели во денешната реакција на ТМРО.

„Симптоматично е што ТВ медиумите не објавија интегрални снимки од експлодираното опожарено возило среде Кавадарци кое е сопственост на Здравко Бошков, а денеска како главна вест се лиферува информацијата за осумдневниот притвор за фејсбук статус.

Со оглед дека не може да се очекува објективност и непристрасност од локалната полиција и обвинителство во Кавадарци , ТМРО бара итно расчистување на актот со фрлање експлозивната направа на возилото на нашиот функционер од страна на МВР отсек за тероризам и ОЈО за организиран криминал, а денеска за ова веќе писмено се информирани и сите амбасади во Македонија“, се вели во реакцијата на ТМРО.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе