Од ЈО информираат дека ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, почнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди, кои предизвикале крвавење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало.
„Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да се обиде да влијае врз сведоците, па дури и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопштуваат од ЈО.