Во партиското соопштение се вели и дека за останатите партиски тела изборот ќе биде извршен на наредните седници на претседателството на партијата.
Синоќа претседателството донесе одлука да објави конкурс за претседатепи на партиските ограноци кој ќе биде објавен од 16 до 23 мај.
„Го охрабруваме секој поединец кој верува дека ги има соодветните вештини и има визија да ги води локалните ограноци на АА, да се пријави и да стане дел од натпреварот", изјави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села по состанокот на претседателството.