СДСМ

Сугарески: Реализираме историски најголеми инвестиции во инфраструктурата

Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме. Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура, изјави денеска министерот за транспорт Горан Сугарески.

„Ветивме и силно вложуваме во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени. Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме нови водоводи и канализации“, изјави Сугарески, претседател на Надзорен одбор на СДСМ.

Според него, во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата.

„Се гради насекаде како никогаш до сега. Во таа насока, до сега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари. Ги решивме и сите недоследности и пропусти што ги наследивме од ВМРО ДПМНЕ и го пуштивме во сообраќај и автопат од Демир Капија до Смоквица. Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, ние ги вложуваме во вистински развој на инфраструктурата. Рехабилитиравме и реконструиравме преку 80 магистрални и регионални патишта со вкупна инвестиција од преку 400 милиони евра.

Саниравме и реконструиравме мостови на државните патишта, поставивме нова сообраќајна сигнализација на најголем дел од патната мрежа во земјава. 

Ги модернизиравме наплатните станици на Коридор 10, воведовме електронска наплата на патарините, а го изградивме и најмодерниот центар за контрола  и мониторинг на патиштата. Инвестициите во патиштата не запираат.

Владата предводена од СДСМ, во овој момент инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура. Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, за кој морам да истакнам дека се направија сите максимални напори за да може да се доизгради. Добро знаете дека ВМРО-ДПМНЕ направи пустош со овој автопат. Започнавме со изградба на 4 експресни патишта во вредност од преку 170 километри и тоa: Градско-Дреново, Штип-Радовиш,     Штип- Кочани, Ранковце - Крива Паланка.

Исто така Владата предводена од СДСМ, интензивно работи и на прокетирање за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија, од Струмица до Гевгелија, како и за проширување на патот од Прилеп до Битола.

Започната е постапката за изградба на автопат од Скопје до Блаце како и од Гостивар до Кичево, инвестиции кои ќе надминат неколку стотини милиони евра.

Интензивно се работи и на преку 350 километри или околу 40 регионални патишта во изградба, рехабилитација и реконструкција, како  и десетина мостови и свлечишта. Би спомнал само некои од нив: Рехабилитација на регионален пат Тетово – Попова Шапка, рехабилитација на магистрален пат Струмица – Ново Село, Кавадарци – Росоман, Штип – Радовиш, Непроштено – Пршовце, Куманово – Свети Николе и до Никуштак, Пробиштип – Крупиште...“, рече Сугарески.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе