ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: СДСМ мести партиски функционер за член на Регулаторна комисија за енергетика кој не ги исполнува условите

Продолжува дрското и бесрамно спроведување на политиките на СДСМ во енергетиката и пополнување на клучните места во енергетскиот сектор со нестручни и некомпетентни лица со искуство кое што го бара законот, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница. СДСМ спротивно на законот мести партиски функционер за член на Регулаторна комисија за енергетика, изјави

Стојаноски и додаде дека во Македонија се уште постои Регулаторна комисија за енергетика, а нејзина задача е да биде независна и да ги штити потрошувачите, но излегува дека таа ги штити интересите на СДСМ.

„Согласно Законот за енергетика, тој што ќе биде предложен во оваа комисија не смее да има партиска функција. Предложениот Андреј Тасев кој треба да биде член на РКЕ, седи до Зоран Заев, но и носител на листа на СДСМ за Дојран во 2001 година и во два мандата бил советник на СДСМ, што е спротивно на Законот. Тасев го има  и на список на централниот одбор на СДСМ. Човекот кој треба да стане дел од РКЕ има актуелна партиска функција“, рече Стојаноски.

Тој ги повика Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни органи да не дозволат вакво нешто да се случи и додаде дека овој кандидат не ги исполнува ниту условите да биде член на РКЕ.

„Воедно овој кандидат не го исполнува условот од Член 17, став 3, точка 2 од Законот за енергетика каде јасно е наведено дека за член или претседател на РКЕ, може да биде именуван државјанин на Македонија кој ги исполнува следните услови, во последните 15 години пред именувањето да има најмалку 10 години искуство во енергетиката, а овој кандидат него исполнува овој услов. Власта смета дека е над законот и над народот“, нагласи Стојаноски.                 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе