ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Заев не испорача тоа што го бараа граѓаните, затоа нема датум за преговори

Македонија, според нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ, нема да добие дата за почнување на преговори за членство во ЕУ. Тоа што Зоран Заев упорно повторува и преку јавниот сервис се заканува дека Брисел сега требало да му испорача, е само уште една манипулација на Заев. Зоран Заев знае дека тој не испорача тоа што од него бараа и Брисел и граѓаните. Не испорача работа, не испорача реформи. Зоран Заев прокоцка цела година на лаги, марктетинг, непотизам, корупција, криминал и на задолжување на државата, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во заклучоците од минатата година, Советот буквално во неколку наврати ја нагласува, критичната потреба Македонија да направи конкретен напредок во однос на итните реформски приоритети и да има видливи резултати во борбата против корупцијата. Се нагласи дека Советот бара резултати во судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал, вклучително и корупцијата на високо ниво, реформа на разузнавачките и безбедносните служби, реформа на јавната администрација.

Е па почитувани, ниту има судски реформи, ниту има случаи против криминал и корупцијата, ниту против висока корупција, ниту има реформа на јавната администрација.

Зоран Заев до мај годинава беше прв човек на телото за судски реформи, ништо не сработи, имаше само 6 средби, а од него со големи критики заминаа звучни имиња. Дури и Рајнхард Прибе, творецот на итните реформски приоритети, молчи прашан  за тоа дали гледа реформи во Македонија и Заев за тоа чека покана.

Две години Заев и кланот владеат на централно и локално ниво, а за секојдневните скандали за корупција, криминал, непотизам, нема ниту една обвинителска истрага. Нема никакви истраги дури ни за Заев за корупција во изборни цели - тешко кривично дело.

Заев сам соопшти дека лично спречил истрага против функционери од власта. Тоа е резултатот на борбата против корупција на високо ниво, за кои Заев чека пофалби!

Заев и свитата годинава ја сфатија како поле за партизација и невиден непотизам. Нема функција, локална, централна власт, пратеници, министри, градоначалници, директори, па и партиски адвокати, кои не се омастија од државниот буџет со влетување во администрацијата. Бројката на административци за една година порасна за три илјади. Три цели илјадинови позиции, не природната замена на оние кои се пензионираат. Се отвораа нови функции, ете тоа се реформите во администрацијата на Заев и кланот, за кои чекаат датум.

Реформата на безбедносните служби е во бавен тек. Но, реформа не е усвојување законски решенија, без реална имплементација, без да се води сметка за капацитетите и динамиките во институциите. Ниту европските лидери не се убедени дека се води сериозна кадровска политика во насока на вистински надзор и контрола над службите.

Во Македонија под Заев блеска корупцијата, блеска криминалот, блеска непотизмот, блеска партизацијата, блеска заробеното судство, а се повеќе блескаат и заробените медиуми откако Заев се опкружи со новинари на платен список. Блеска советничката листа која стои зад обвинувањата од Заев кон европските лидери и тоа блескање го гледа Европа. За жал Македонија, Македонците, граѓаните, ќе бидат казнети заради блескањето на лагите на Заев! И токму тие, граѓаните не смее да бидат казнети заради неработењето и криминогеноста на власта. Зоране Заев, престани со лагите и престани со барање на виновни вон себе и твоето опкружување. Дополнително ја загрозуваш иднината на државата, дополнително ги обезвреднуваш граѓаните и на Македонија и на ЕУ. Собери ја свитата и замини си, веќе никој не ти верува“, изјави денеска Стоилковски.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе