Стоилковски: Заев ја обесчести и обезличи Македонија

Зградата со адреса Илинденска број 2 во Скопје, осамна без буквите Влада на Република Македонија. Ги слушнавте зборовите на Зоран Заев за странските медиуми. Слушнавте како вели кога влегувате во оваа Влада пишува Влада на Република Македонија. Но, денеска ги нема буквите што значи дека Македонија е обесчестена, Македонија е обезличена, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска, согласно зборовите на Зоран Заев, Македонија е обезличена, Македонија е обесчестена и не држи она оправдување за знамето на НАТО, бидејќи знамето на НАТО се вееше пред Владата на Република Македонија и додека на неа стоеја светите букви Влада на Република Македонија.

Заев ја обесчести државата и дома и надвор. Неговата изјава која ја видовме и неговото делување денеска е срамно. Што и да одговори Заев денеска, дадената оценка останува: Тој ја обесчести, ја обезличи државата. Заев се колнеше во дедо, татко, деца дека додека дише, додека го дише овој македонски воздух, нема да чепка по името и Уставот.

Го слушнавте Зоран Заев каде што вели дека додека дише додека го дише овој македонски воздух и додека го држи паметот, не верува дека некој ќе се појави во македонскиот парламент и ќе бара промена на Уставот со цел промена на уставното име. Зоран Заев сам излезе пред пратениците во Парламентот и бараше промена на името, сам бараше промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Заев повторно ветува сѐ и сешто, додека ги продава националните и државните интереси, а криминалот царува во секоја пора на општеството. Ова е истиот Зоран Заев кој бега од избори, бега од соочување со вистината, бега од соочување со граѓаните. Бега и се крие во концептот „едно општество за картелот“. Заев лаже за економијата, за здравството, за образованието, лаже за младите, за вработувања за странски инвестиции“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе