Стоилковски: Обвинителот Јовески со непостапувањето по пријавите поттикнува изборни нерегуларности

Бидејќи републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и по вториот круг на претседателскиоте избори го нема никаде со свое делување, ВМРО-ДПМНЕ поднесува 12 кривични пријави против поголем број на сторители кои го нарушија изборниот процес. Станува збор за кривични пријави во кои со доказен материјал се укажува на недозволено агитирање, поткуп во изборни цели, заплашување, организирано гласање и ред други прекршувања на законите, што се повторуваат и во повеќе општини во државата и во скопските општини каде власта доби јасен црвен картон од граѓаните, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Апелираме јавното обвинителство да почне да работи за тоа за што постои. Чувството за непостоење на право и правда е суштествено во Македонија и тоа е нагласено при последниот изборен циклус. Јавното обвинителство мора да одговори и за случаите за недозволено агитирање, поткуп, заплашување, организирано гласање, односно изборен криминал во вториот круг на претседателските избори, но мора да одговори и за аферата „Големото око“, односно незаконското прибирање докази преку мобилна апликација од страна на владејачката партија.

Ова е втор изборен процес, вклучително и референдумското изјаснување, за кој Јавното обвинителство сѐ уште нема никаков одговор ниту за поткуп, ни за поттикнување поткуп, ниту за полнење кутии, наречено брзи прсти, гласање за неколку секунди за што дури имаше и поништени резултати од гласачки места од ДИК.

Изостанувањето на реакција од ЈО доведува до повторување на ваквите појави и во првиот и во вториот круг на претседателските избори. Со тоа Јовески има директна одговорност заради негово непостапување, односно злоупотреба на неговата должност и функција, со што поттикнува изборни нерегуларности и нивна неказнивост за изборен инжинеринг од страна на власта“, изјави Стоилковски.

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе