„И.П бил затекнат при обработка на марихуаната. И сѐ ова се случува 24 септември 2020 година. И сѐ до ден денешен нема судска разрешница за овој спектакл, акција на МВР. Напротив, има олеснителни околности.
Причината за тоа можеби лежи во фактот дека зад иницијалите И.П. можеби е Иван Попов, брат на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов?
По година ипол, случајот сѐ уште се влече по судските лавиринти, а наместо притвор како мерка за обезбедување, побарана од обвинителството за И.П., судот на режимот определува домашен притвор и повеќе пати истиот го продолжува. Ако побарате на страната на Јавното обвинителство, за сите вакви јасни кривични дела поврзани со производство на дрога, за дела спротивни на кривичниот законик за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, обвинителството бара, а судот веднаш определува мерка притвор.
Притоа, случаите експресно минуваат низ судската постапка. Во овој случај година ипол тапка во место, а И.П., можеби Иван Попов, е во домашен притвор. Причината не може да е поинаква освен одолговлекување на случајот и евентуалното време за издржување затворска казна по евентуална пресуда да биде скратено со времето минато во домашен притвор.
Законот и ригорозните мерки, брзото судење, за вакви случаи важи за сите доколку не се роднини или дел од СДСМ“, изјави Стоилковски.