ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Кривична одговорност за Филипче, „Малмед“ тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци

Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомневање за постоење на криминал. Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сето ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство, изјави денеска Наум Стоилковски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Аргументите на Министерството за здравство се лажни и неуверливи. Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт. Дополнително Министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен.  Напротив, според информациите од Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) во октомври 2017-та година била направена анализа на инсулинот при што се констатирало дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци.

Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година. Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин. Ова отвора сомневање дека Владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта. Филипче треба кривично да одговара за овој скандал“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Јавното Обвинителство би требало да реагира согласно нивните обврски, да реагира по допрен глас. „Чекаме одговор од Венко Филипче, а чекаме и реакција од Јавното Обвинителство да го испита случајот“, рече Стоилковски.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе