Средба на Мицкоски со поранешните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ - Канческа-Милевска, Мукоски, Василевски, Авировиќ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Средбата се одржа по барање на Мицкоски, информираа од оваа пратеничка група.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија“, се наведува во кусото соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека се одржала двочасовна средба, на која, како што велат, се разговарало за функционирањето на правото и правната држава, како и за реформските закони, во кои спаѓа и Законот за јавното обвинителство, што го опфаќа и функционирањето на СЈО.

Средбата следува по двете рунди пропаднати преговори на работната група меѓу власта и опозицијата, како и по најавите на власта дека, освен преговори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за законот ќе бара поединечно од пратениците за обезбедување двотретинско мнозинство.

Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ лани ги исклучи пратениците Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ. Заедно со пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ тие гласаа за отворање на Уставот, со што го обезбедија потребното двотретинско мнозинство за уставните измени.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе