Средба на Бачев со францускиот амбасадор Бомгартнер

Инсталираната марионетска власт во Скопје, пописот, фалсификуваните избори, политичките затвореници во земјата и стратешките приоритети на Единствена Македонија беа темите на двочасовниот разговор на амбасадорот на Република Франција во Мкаедонија Сирил Бомгартнер со претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, соопшти партијата.

„Македонија е исправена пред предизвикот да си ја вратиме државата назад која се распродава од марионетска власт во Скопје. Загрижувачки е пеколниот план на марионетската власт за бришење на се што е македонско со антимакедонските договори со Бугарија и Грција, законот за двојазичноста и најново, спроведување на фалсификуван попис со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста, рече Бачев на средбата.

На средбата се разговараше и за изборниот фалсификат на 15 јули и за историски скандалозниот преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите.

Бачев детално го објасни планот и причините како се наместени неправедно осудените за настаните во Собранието од 27 април и како се судени во монтиран политички процес со лажен заштитен сведок. Притоа Бачев го илустираше и објасни ова преку примерот со монтираниот процес и осудата на стариот Методија Андонов Ченто и младиот Јане Ченто кои се осудени на идентичен начин само поради неизмерната љубов спрема Македонија.

Истовремено Бачев истакна дека земја како Македонија во која владее безаконие, криминал, корупција, марионетска власт, политички затвореници, фалсификување избори и попис, не ѝ е местото во ЕУ, односно, вакви работи не се својствени за држава која претендира за членство во Европската Унија.

Амбасадорот Бомгартнер пројави интерес околу определбите на Единствена Македонија. Бачев пренесе дека светот се менува, се менува и Европа. За Единствена Македонија светот е многу поширок и не завршува до Брисел и Вашингтон. Единствена Македонија е со определба за поништување на договорите со Грција и Бугарија како спротивни на меѓународното право, изградба на Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право како во сите современи европски држави, службен јазик македонскиот јазик и неговотот кирилско писмо, почитување на традиционалните вредности, националниот и религиозниот идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот“, соопшти Единствена Македонија.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе