СПМ: Поради малтретирање и мобинг чесен и млад професионалец ја напушти полицијата

Синдикатот на полиција во Македонија информира дека поради притисоци, малтретирање и мобинг неодамна МВР го напушти уште еден припадник и нивни член, полициски службеник од СВР Куманово. Се работи за млад и чесен припадник на полицијата, кој од моментот на неговото вработување, учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната единица на полиција покажувајќи висок степен на професионалност и посветеност во работењето, информира Синдикатот.

„Нашиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение прво од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско решение бил распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково“, стои во соопштението од СПМ .

На релација СВР Куманово – ПО Матејче нема организирано службен превоз, нема воспоставено ниту јавен превоз, нагласува СПМ, па затоа нивниот колега со негово приватно возило патувал од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 километри во еден работен ден.

Иако поднел барање за надомест за патни трошоци, тоа без никакво образложение е одбиено.

„Соочен со голем притисок, малтретирање и мобинг на неговото работно место кај колегата се јави висок степен на разочараност и демотивираност, по што тој донел одлука за напуштање на Министерството за внатрешни работи“, се наведува во соопштението од Синдикатот на полиција во Македонија .

Синдикатот најостро ги осудува сите форми на вознемирување, притисок и директен реваншизам кои се вообичаено и секојдневно дејствување на началникот на СВР Куманово и ги повика министерот за внатрешни работи и Одделот за внатрешна контрола детално да го истражат целиот случај.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе