Од идниот месец

Спасовски: Ќе започне исплатата на заостанатите бонус-плати за вработените во МВР

Во разговор со Македонскиот полициски синдикаат, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најавил дека во наредниот период ќе им бидат исплатени бонус-платите за три години, почнувајќи од идниот месец, средствата за 2017 година, а идната година, останатите плати. МВР на тој начин ќе избегне судски трошоци.

Во наредниот период ќе биде исплатена заостанатата бонус плата за вработените во МВР, кажал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на онлајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев.

Во соопштението од МВР; се вели дека станува збор за средства за вработените за период од три години, или поточно, се работи за средства за исплата на бонус плата за 2020 година, како и за 2017 и 2018 година. Средствата за минатата година се исплатени.

„Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година. На тој начин и вработените ги добиваат парите кои им следуваат согласно колективниот договор, а и Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените", се вели во соопштението.

Претставниците на Македонскиот полициски синдикат ја поздравија оваа одлука и презедоа обврска да ги информираат вработените во МВР дека овој проблем е надминат и дека повеќе нема овие средства да се бараат преку суд туку ќе бидат исплатени од работодавачот, информира МВР.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе