Советот на амбасадори ја поздрави одлуката на САД да испрати тим на истражители

Корупцијата воопшто, како и корупцијата на високи државни функционери е главната причина што младите ја напуштаат земјата и заминуваат во странство за да обезбедат материјални средства за лична и семејна егзистенција, се вели во соопштението на Советот на амбасадори кои ја поздравија веста на амбасадорката на САД Анџела  Агелер дека тим за санкции од Вашингтон веќе е во Македонија и дека поагресивно ќе  ги разгледува досиејата на поранешни и актуелни корумпирани политичари и да ги  дава сите можни одговори.

Советот на амбасадори цврсто ги поддржува констатациите на амбасадорот на САД Агелер, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и на амбасадорите на некои земји членки на Унијата дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот.

Советот на амбасадори ја повикува Владата, раководителите на органите на Владата, државните институции како и лидерите и членството на сите политички партии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашна корупција во нивните редови за конечно државата да оди кон вистински економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе