Советниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на Аеродром, бараат слобда за Митевски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Аеродром вчера ја напуштија седницата на Советот и најавија дека нема да учествуваат во работата на Советот сѐ додека власта спроведува политички прогони кон свои политички противници и неистомисленици. 

„Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници. Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром Дејан Митевски е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев.

Сведоци сме на огромни скандали околу случајот „Рекет“ кој со месеци се развлекува, а неосновано повеќемина членови на ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку месеци се во притвор.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром сѐ додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка“, изјави Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Аеродром.

Дејан Митевски е притворен уште во јуни за злоупотреба на службената должност како поранешен вработен во Министерството за транспорт и врски. Притворањето на Митевски се однесува на четири договори за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.

ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш реагираше и соопшти дека власта е исплашена и во паника притвора и прогонува функционери на партијата. „Обвинителството на Зоран Заев вчера од чисто политички мотиви ги уапси Димитар Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја објави аферата за насилникот Курто Дудуш, и Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, кој и нанесе тежок пораз на власта во оваа скопска општина. Со политичкиот прогон врз Димовски, Митевски, Јанакиески и останатите, Зоран Заев не може да го покрие разочарувањето и катастрофата која секојдневно им ја приредува на граѓаните. Димитар и Дејан се уапсени и малтретирани затоа што не и се плашат на власта, затоа што јавно ги обелоденуваат криминалите на СДСМ”, соопшти тогаш ВМРО-ДПМНЕ.

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе