Советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат Шилегов да се откаже од нови коли за да се пошумат опожарените места

Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем. Градот Скопје две години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов. Две години Шилегов, две години неработа, криминали, и назадување, се вели во соопштението на советичката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на град Скопје.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо Владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и икебани, средствата да се пренаменат за пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора.

Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари, а Владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје“, се вели во соопштението на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе