Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје бара средства за ФК Вардар, за социјално загрозените, за Универзална сала...

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Град Скопје поднесе 14 амандмани на ребалансот на буџетот, кои решаваат горливи проблеми на скопјани, но и се дел од програмата „За модерно Скопје“ за која дадовме поддршка и заради која Данела Арсовска сега е градоначалник, изјави советникот Сергеј Попов.

Првиот амандман се однесува на субвенционирање на ФК Вардар од буџетот на градот со 15 милиони денари, односно 250.000 евра.

„Фудбалскиот клуб Вардар повеќе од 75 години е поим за спорт во Скопје, тој со децении го промовира градот во државата, но и надвор од неа. Клубот заради проблемите во кој се најде се соочува со финансиски потешкотии и веќе втора година по ред игра во втора лига. Вардар има реални шанси да се врати во Првата лига, но за да може истото да го оствари потребни му се финансиски средства за да ги издржи сите трошоци до крајот на натпреварувачката сезона.

Во насока на поддршка на спортот во градот е и амандманот за реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Напредок, кој заради лошата состојба во која се наоѓа не може да се користи ниту за тренинг, ниту за одигрување на официјални натпревари“, изјави Попов.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа и амандман за одвојување на 15 милиони денари за парична помош за социјално загрозени лица погодени од енергетската и финансиската криза. Со оваа мерка би им се помогнало на 13.000 семејства, приматели на социјална помош, стари и изнемоштени лица, на кои се предлага да им се помогне со субвенционирање на потрошената електрична енергија.

Поднесен е и амандмот за одвојување на 15 милиони денари за реконструкцијата на Универзална сала, која е еден од симболите на градот.

Се предлага и одвојување на 10 милиони денари за изградба на монтажна катна гаража во Општина Карпош, а која има за цел да го реши проблемот со се поголемата потреба од  нови паркинг места во општината.
Со амандман се бараат и 20 милиони денари за реконструкција и санација на улицата Христо Татарчев, што ќе значи реконструкција и санација на коловозот, пешачките патеки и фекалната канализација.
Реконструкција на улицата Фрањо Клуз која чини 7,6 милиони денари, тоа е улица за која веќе има изготвена проектна документација и согласно истата во краток период може да се изврши тендерска постапка за реконструкција. Со ова се подобрува конекцијата на над 5.000 жители на Аеродром со главните булевари во општината.
Заради олеснување на движењето на скопјани во делот на Ѓорче Петров, поднесен е амандман за да се издвојат 6 милиони денари со цел пробивање и поврзување на улиците Социјалистичка зора со улицата Сремски фронт, како и нивна санација.
За Општина Чаир се бараат 3,6 милиони денари за реконструкција на повеќе улици, 10 милиони денари за реконструкција и санација на улица Максут Садик, со што ќе се реши деценискиот проблем на жителите на населеното место Топаана, а која се наоѓа на само еден километар оддалеченост од строгиот центар на Скопје.
Со амандман се предвидуваат и 3 милиони денари за реконструкција на улицата 30 во населеното место Љуботенски пат во општина Бутел.

Се бараат и еден милион денари за санација и реконструкција за улицата 2 во  Долна Матка во Сарај, 10 милиони денари за реконструкција на улицата Перо Наков, која е една од најфреквентните улици во Гази Баба и претставува единствено место за влез и излез на жителите на Ќерамидница.

„Ги повикуваме сите советници во Советот на град Скопје да ги поддржат овие амандмани, бидејќи тие се со цел развој на Град Скопје, со овие амандмани се опфатени скоро сите области од живеењето во градот и сите делови од истиот“, изјави Попов.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе