Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје: Две години лаги, криминал и неработа на градоначалникот Шилегов

Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани. Главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

„Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува. Јавните градски претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години крадоначалникот Шилегов вработи над 1.000 партиски војници на терет на скопјани.

Не почна, ниту заврши изградба на барем еден булевар. Ветувањата на Шилегов останаа само на хартија. Шилегов вети и не оствари продолжување на булеварот Илинденска, вети и не оствари спуштена раскрсница кај Мавровка, продолжување на булеварот „Св. Климент Охридски“, вети и неоствари проширување на булеварот „Никола Карев“, вети и не оствари продолжување на булеварското решение на „Словенечка“, вети и неоствари решавање на проблемот со кучињата скитници, вети и неоствари гасификација на Скопје, вети и не оствари ревитализација и заживување на Езерото Треска, вети и неоствари нова зграда на Универзалната сала, вети и не оствари ново средно училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, вети и не оствари ботаничка градина во Карпош...

Крадоначалникот Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои стои сомневање за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта.

Крадоначалникот Шилегов е срам за Скопје и скопјани. Две години крадоначалник Шилегов, две години лаги, криминал и неработа“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе