Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со нови 350 партиски вработувања

Петре Шилегов за само една недела преку мнозинството во Советот носи одлука за 350 нови вработувања на партиски војници кои ќе бидат дел од градот Скопје. Се работи за најголем дел на партиски вработувања и планови кои се пуштени на одобрување и дискусија во Советот на Градот Скопје, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

„Овие 350 нови вработувања се распределени во градската администрација на градот Скопје и ЈСП. Минатата недела мнозинството на советници на власта одобри план за вработување на 170 партиски војници во ЈСП, а веќе овој четврток градоначалникот Шилегов предлага план за нови 110 вработувања во градот Скопје на определено време кои треба да се реализираат оваа година и 76 нови вработувања на неопределено време во градската администрација за наредната година. Заедничката бројка покажува дека Шилегов, владејачкото мнозинство на градот Скопје и претседателката на Совет, Јанчева за една недела носат одлука со која потврдуваат над 350 вработувања.

Според нашите неформални сознанија најголемиот дел од нив ќе поминат низ партиската кадровска комисија на СДСМ. Нема да се вработува по компетентност, туку по партиска припадност. Тоа е и причината поради која досегашната пракса на работа на Советот покажува дека се кријат биографиите на предложените членови на Надзорни и Управни одбори.

Шилегов со 350 нови вработувања го претвора градот Скопје во своја партиска филијала, наместо да реализира проекти“, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе