На 26 јануари во студиото на Канал 5 гостуваа Грчева и Милевски.
„Истовремено, Милевски направи дрски инсинуации на моја сметка, за што ќе поднесам приватна тужба за клевета според чл. 172 од КЗ. Правниот тим на Глас за Македонија официјално ќе достави допис до Основното јавно обвинителство - Скопје, а и до ДКСК, како иницијатива за официјална проверка на неговите јавно искажани наводи. Ова многу кажува и за моралниот интегритет на еден висок владин службеник, кој сите ние го плаќаме од народни пари. Ќе бараме ОЈО – Скопје да го испита целиот случај со понудениот поткуп на министерот во Владата на Зоран Заев, Горан Милевски.
Секојдневно сме сведоци на криминални случаи во кои се инволвирани владини и други државни службеници, нивни роднини и пријатели, случаи кои на крајот завршуваат без разрешница. Прикривањето на криминалот, како во овој случај, е најголемата закана за правната држава и е промоција на неказнивост, што стана евидентна одлика на Владата чиј висок функционер е посочениот министер“, се вели во соопштението на Грчева.