Средба во Домот на АРМ

Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” против изјавите на Димитров и Бошњаковски

Никола Димитров, кој е по потекло од Егејска Македонија, свесно ги негира своите корени од Беломорска Македонија со изјави дека постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата” и дека според Преспанскиот договор Македонија нема да се меша во внатрешните работи на соседната земја и дека македонскиот јазик нема никаква врска со јазикот на грчките Македонци во Грција.

Ова е дел од реакцијата на Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” на денешната средба во Домот на АРМ во Скопје, каде остро беа осудени изјавите на министерот за надворешна политика, Никола Димитров и на портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

На средбата беа присутни и пратеникот во Собранието на Република Македонина, Трајче Димков, кој е по потекло од Егејска Македонија и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

„Ние отсекогаш сме зборувале на македонски јазик, дури ни кога нѐ протеруваа од нашите домови, ние не го знаевме грчкиот јазик, мојата баба не знаеше ниту еден грчки збор“, изјави еден од членовите на Сојузот.

Македонците од Егејска Македонија истакнаа и дека чичкото на Димитров, Мице Димитров, е истакнат изведувач на македонски песни од Егејот, а Димитров директно го игнорира тој факт и ја погазува целата негова фамилија и неговите достигнувања за Македонците во Егејска Македонија.

Од „Македон” рекоа дека ќе се борат со сите факти и докази дека тие се Македонци и дека во Егејска Македонија сѐ уште постојат нивни браќа, роднини и пријатели Македонци, наспроти откажувањето на Димитров и Заев од оваа категорија на луѓе кои најмногу страдале во македонската историја.

„Македон“ информира дека ќе ја дадат целосната поддршка на Гордана Силјановска-Давкова на претстојните претседателски избори.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе