Од Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата" велат дека обедуваат 12.000 родители и дека имаат поддршка од голем број доктори и стручни лица кои, како што се наведува, јавно зборуваат за долгорочните штетни последици од носењето маски.
„Децата светот го осознаваат преку изразите на лицето, комуницирањето и размената на чуствства, а сето ова не е можно да се оствари преку маска со што веќе се гледа зголемена анкциозност кај децата", Иницијативата ја цитира д-р Лилија Чолакова Дервишова.
„Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација", цитат од Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и универзитетски професор.
„Маските кај најмалите ученици сметам дека се не функционални и се непотребни“, цитат од Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар.
Во соопштението се наведува дека и микробиологот и професор д-р Никола Пановски и епидемиологот и професор д-р Драган Даниловски исто така сметаат дека децата треба да тргнат на училиште без маски, а дека д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека „барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето маски“: