Реакција од МЗШВ

Случајот со поранешниот претседател на Сојузот на тутунопроизводители е навреме предаден во Финансиска полиција

Изнесените информации дека не е постапено по случајот за поранешниот претседател на Сојузот на тутунопроизводители Кире Неделковски, се уште една дезинформација и лага на ВМРО ДПМНЕ, во обид да соберат  политички поени и да ги придобијат земјоделците, реагира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешените обвинувања од Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Не е точно дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство не реагирало за случајот со Сојузот на тутунопроизводителите како што тврди Трипуновски.

Добиеното известување од Сојузот на тутунопоризводители, тогашниот министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на 18.02.2019 веднаш го препрати до Управата за финансиска полиција што јасно се гледа и во приложениот документ. Надлежната институција е навремено информирана и од страна на МЗШВ и е укажано во согласност со законските надлежности да ги испита и утврди сите сознанаија за финансиска проневера”, пишува во реакцијата. 

Од Министерството додаваат дека според надлежностите, постапено е соодветно на законите и за случајот била информирана надлежна институција за справување со финансиски криминал.

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе