Славески до Ковачевски: Единствениот кој не ја заслужува позицијата премиер сте токму вие

Очигледно премиерот на државата, покрај растечката инфлација, проблемите во економијата, блокадите во градот, истоштените институции, проблемите со бизнисите, има доволно време да се посвети да ја коментира мојата работа. Прво, фактот што призна дека имал средби со градоначалничката Арсовска во владата дава објаснување за позадината на многу работи, блокади и напади врз мене како претседател на Советот и хаосот кој се продуцира во работењето на градот и градоначалничката, се вели во реакцијата на Трајко Славески, претседателот на Советот на Град Скопје на денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски.

„Второ, во интерес на вистината и во однос на неговата хипотеза дека дека не сум заслужил да бидам претседавач на совет, ќе нагласам дека како советник, носител на листа сум избран од убедливото мнозинство од граѓаните на Скопје, за разлика од него како премиер кој не е избран на избори, туку поставен на позицијата премиер договорено на зелена маса, во неговата партија.

Воедно, повеќе пати сум бил на избори, како носител на листа, за советници и за пратеници. СДСМ во втора изборна единица (неговата и во неговото Куманово) сум го победувал катастрофално со огромна поддршка од негови сограѓани.

Така, единствениот кој не заслужува да биде премиер е токму Ковачевски, бидејќи тоа Македонија, а гледаме и градот Скопје ја чини прилично многу.

Во оваа прилика, иако не е за фалење можам само да им ја честитам полутајната и неформална коалиција во градот“, напиша Славески во својата реакција.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе