Синдикатот на полицијата во Македонија бара повисоки плати за полициските службеници

Синдикатот на полиција во Македонија бара од Владата и од Собранието во најбрз можен рок да се преиспита нивното барање за покачување на платите на полициските службеници.

„Секој вработен во полицијата со нетрпение ја очекуваше веста за буџетот за 2021 година. Овојпат секој се надеваше дека конечно Владата се сети за вработените во полицијата, посебно знаејќи го фактот како секојдневно полицијата се справува со предизвиците од кризата на терен. Но за жал не е така“, пишува во денешното соопштение од Синдикатот на полицијата во Македонија.

Како што велат во соопштението, презентацијата на Буџетот за 2021 година од страна на премиерот Зоран Заев е невреднување на трудот на вработените во полицијата.

„Зошто во Буџет над 4 милијарди евра да нема пари за плати во полицијата? Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е срамна. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од министерот Спасовски беше измислена паролата ‘Задоволна полиција – безбедни граѓани‘. Да се запрашаме, а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме задоволна полиција“, стои во соопштението од Синдикатот.

Оттаму сметаат дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените, како што велат, нула денари кои ги предлага Владата за покачување на платите.

„Барем да предвидевте исто колку и за здравствените работници. Можеби се малку, но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи“, се додава во соопштението.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе