СДСМ

Шутаров: За 8 Септември ВМРО-ДПМНЕ не положи цвеќе на почивалиштата на Глигоров и Трајковски

На големиот државен празник, Денот на независноста, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација, не положи цвеќе пред почивалиштата на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски. Со таквиот потег ВМРО-ДПМНЕ покажа непочит кон државата, кон националниот празник, минатото и двајцата први претседатели на државата, изјави Гордан Шутаров, организациски секретар на СДММ.

Гордан Шутаров

„Ништо не се менува во ВМРО ДПМНЕ, манифестира делби и на национален празник. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ги интересира само одбрана на криминалот , одбрана на криминалците и тајкуните во сопствените редови. Посветени на одбрана на криминалот, во ВМРО-ДПМНЕ очигледно немаат време да оддадат почит на 8 Септември и претседателите Глигоров и Трајковски.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за државност и патриотизам бидејќи не го почитува Денот на независноста, не ја почитува историјата и не ја почитува државата“, изјави Шутаров.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе