СДСМ

Шкријељ: СОНК дејствува уценувачки на штета на учениците

Повеќе од десет дена децата се надвор од образовниот процес и тоа во период кој е исклучително важен за учебната година, но и за уписите на полуматураните и матурантите. Раководството на СОНК, на двапати одбива предлог за зголемување на платите, како и нов општ колективен договор за континуиран раст на платите во образованието и детската заштита и сето тоа во најголема глобална економска криза, изјави денеска Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

„Ова не е ништо друго освен уцена од страна на раководството на СОНК, на штета на учениците и наставниот процес.
Учениците мора да се вратат на настава, затоа што последиците со кои веќе се соочуваат негативно влијаат не само врз образованиот процес, туку и врз нивниот личен развој.
Себично, недозволиво и неодговорно е учениците десет дена да бидат надвор од училишните клупи само заради лични политички агенди на поединци од раководството на СОНК.
Правото на децата за образование е уставно загарантирано и не смее да се дозволи некој заради политичка агенда да им го загрозува.
Државата, институциите имаат обврска да обезбедат продолжување на наставата, целосно исполнување на наставните програми во училиштата и тоа ќе го сторат.
Правата на децата се над сè и интересот на децата мора да ни биде на прво место.
Никој не смее и нема да го нарушува правото на образование на децата и со тоа да ја загрозува нивната иднина“, изјави Шкријељ.
 
 
 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе