Се крие дека поскапа струја ќе плаќаат најголемиот број од семејствата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ и ДУИ го кријат енормното покачување на цената на струјата зад таканаречените тарифи. Најголемиот број од народот ќе плаќа 18% и 138% поскапа струја. Тие што до вчера плаќале 4.000 денари ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари ќе плаќаат над 13.000 денари“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се вели дека најпогодени ќе бидат домаќинствата кои се грејат со грејни тела на струја и тоа, седум месеци во текот на грејната сезона. Ако до лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на нивните домови, смета партијата и додава дека СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ.

„Над 200 милиони евра се потрошени за седум месеци за скап увоз на струја, затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство заради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните. СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе