СДСМ: Земјоделците ќе имаат на располагање дополнителни 250 милиони денари од Интервентен фонд

Со финансиската поддршка за ублажување на последиците од пандемијата врз производството и откупот на јаболко, ориз, грозје, Владата им помага на земјоделците со дополнителни 250 милиони денари.

Со Интервентниот фонд за земјоделство се обезбедува поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 до 15 декември 2021 предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи или за извоз, во висина од 3 денари по килограм.

Потоа поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 која во период од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствен преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм, како и поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 до 31 октомври 2021 е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари по килограм.

Како што соопшти СДСМ, овој фонд станува реалност од 2022 година, а буџетот за оваа намена ќе изнесува 250 милиони денари.

Буџетот на Интервентниот фонд ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството.

СДСМ потсетува дека едно од ветувањата во програмата „Можеме“ на последните парламентарни избори беше и формирањето токму на Интервентен фонд за регулирање на пазарен дисбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство.

 

 

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе