Реакција

СДСМ: Завршено е со политиките на омраза

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува да шири поделби, омраза и закани преку кои се обидува да го поткопа живеењето во едно заедничко општество. Неоснованите и неправни кривични пријави на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема ниту да го блокираат напредокот на државата, ниту да го спречат соживотот во нашето општество, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Завршено е со политиките на омраза и поделби, граѓаните имаат јасна цел Македонија да се гради како едно општество, како праведна држава која е дел од глобалниот свет.

Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на јазиците на заедниците кои се над 20%, а албанскиот јазик во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.

Објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ“ со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието“, се вели во реакцијата на СДСМ.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе