СДСМ: Заедно со граѓаните градиме европска иднина, ВМРО-ДПМНЕ дејствува на штета на националните интереси

Додека владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев прават дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на државните и националните интереси. СДСМ заедно со граѓаните гради европска иднина и општество на еднакви шанси за сите, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Со лажни вести, шпекулации и конструкции ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски се става на спротивната страна од евроинтеграциите на државата.

Очигледно е дека Мицкоски стравува од можен успех на државата па затоа по секоја цена се обидува да ги поткопа меѓународните позиции.

Ништо ново од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога државата прави чекор напред тие ги интензивираат лажните вести и деструкциите, класично антидржавно и антинародно дејствување. Тоа граѓаните го препознаваат затоа Мицкоски е шест пати поразуван затоа одново ќе биде поразен. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе останат во опозиција“, соопшти СДСМ.


Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе