СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ поважен е партискиот имот од реформите во судството

Наместо за реформите во судството и напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за имотот на партијата. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за напредокот на државата, туку дека е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Недвосмислена потврда за тоа е јавно изнесениот став на Христијан Мицкоски  во однос на Законот за јавно обвинителство со кој Мицкоски и штети на правната држава. Тој го поврзува Законот за јавно обвинителство со имотот на партијата, а од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив.

Со ова Мицкоски потврдува дека имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ му се поважни од реформите во судството, кои се од особено значење за напредокот на државата.

Ова е уште еден доказ  дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е всушност управувана од Груевски од Будимпешта“, се вели во соопштението на СДСМ.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе