СДСМ за случајот со Боки 13: Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има

За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани - обвинителство - МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, пишува СДСМ во соопштението за вчерашната акција на Обвинителството во која Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец добија 30-дневен притвор.

„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја“, соопшти СДСМ.

Од партијата порачуваат дека правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе