СДСМ за протестот на ВМРО-ДПМНЕ: Нов дебакл на губитникот Мицкоски на лицемерни протести

Нов дебакл на очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски. Откако видоа дека граѓаните не им даваат поддршка на нивните лицемерни протести, денеска срамот од слабата поддршка се обидоа да го сокријат со наводен протест, и тоа со нивните луксузни автомобили, реагира СДСМ на денешниот втор протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.

Фото: социјални мрежи

„Скапите автомобили кои денеска граѓаните ги видоа се уште една потврда за вистинското, лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ и поразениот Мицкоски. Не постои поголем показател за нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Организира таканаречени протести за цената на електричната енергија, кога токму оваа партија во своето владеење ја зголеми за 100 отсто цената на електричната енергија и ја укина евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата”, пишува во соопштението од СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта цената била 2.62 денари по киловат час во скапа и 1,31 денари по киловат час во евтина тарифа. Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 5,54 денари и не постои евтина тарифа.

„Мицкоски не разбира ниту математика, ниту енергетика и не му се воопшто важни граѓаните, тој мисли само да си ја зачува партиската фотелја”, се додава во соопштението.

 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе