СДСМ: За две години просечната плата во образованието порасна за над 2.000 денари

СДСМ како одговорна партија останува посветена на мерките што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во секое семејство. Заложбите за повисоки плати во сите сектори даваат реални резултати. За само 2 години, просечната плата во образовението е зголемена за над 2.000 денари. Просечната плата за август во образованието изнесува 24.352 денари, додека во мај 2017 таа изнесувала, 22.236 денари, се вели воденешното соопштение на СДСМ.

„За разлика од ваквото зголемување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата за цели седум години пораснала за едвај 850 денари, односно од 21.385 кога изнесувала во мај 2010 на 22.236 денари во мај 2017.

Со зголемувањето на платите во образованието го мотивираме наставниот кадар да остане во образованието, но и да работи на унапредување на наставнит процес. Платита во сите сектори, вклучително и образовнието ќе продолжат да растат, затоа што мотивирани, успешни наставници и среќни и задоволни ученици остануваат врвен приоритет за СДСМ“, соопшти партијата.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе