Реакција

СДСМ: За 2 години направивме повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ поврза криминал и земање провизии со неспособност, а резултат на тоа за време од 11 години се само 7 километри автопат а оставен огромен хаос, нерешени и натрупани проблеми и бандери на сред пат. Не се тоа „проекти" како што зборува ВМРО-ДПМНЕ туку утки, се веливо реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сликата со бандерите на среде пат говори за неспособноста  и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон потребите на граѓаните. Затоа само на автопатот Миладиновци-Штип имаше нерешени имотно правни проблеми, свлечишта, непредвидени надвозници, одводни цевки, непремостени инсталации, заштитни огради... За само 2 години сите натрупатни проблеми ги реши Владата предводена од СДСМ и авопатот Миладинови – Штип е пуштен за употреба. Решени се сите проблеми и на автопатот Кичево-Охрид.

СДСМ ги решава проблемите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и интенизвно гради по план. Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри. За 2 години СДСМ направи повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе