СДСМ: Во првиот квартал раст на БДП од 4,1 отсто и намалување на невработеноста на 17,8 %

Успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ ги потврдуваат резултатите. После години на стагнација поради погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ, сега економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија, соопшти СДСМ.

„Растот на бруто домашниот производ во првиот квартал од 2019 година порасна и изнесува 4,1 отсто, што е најголем раст во последните неколку години. Активните мерки за вработување, растот на инвестициите и зголемената доверба во економијата даваат позитивни резултати. Невработеност во првиот квартал од 2019 година е намалена на 17,8 отсто, што е историски најниско ниво на невработеност од независноста до денеска. За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.

Ваквите позитивни трендови се дополнителен стимул за уште поголем економски раст. Извесното полноправно членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили позитивниот тренд на намалување на невработеноста. Грижата кон граѓаните, кон државата продоложува, зборот важи“, соопшти СДСМ.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе