Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 27 години не потроши ни денар за набавка на опрема, а сега креира наводни скандали

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со новите политики на СДСМ во Градот Скопје, со кои главниот град станува модерна, уредна, европска метропола, затоа продолжува со ширење лаги и дезинформации, реагираат од СДСМ на изјавите и обвинувањата од  Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„За 27 години, колку што беа на кормилото на Град Скопје денар не потрошија за набавка на опрема и сега соочени со набавката, креираат наводни скандали. Ништо не набавија, а потрошија милиони на споменици и лажен барок, додека градови од регионот, како Загреб сериозно вложуваа во опремување на противпожарните служби со нова современа опрема“, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму порачуваат дека скопјани бргу ќе се уверат колку е зголемена безбедноста во градот и добро знаат што остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе - запалливи фасади, лавови, жални врби и стиропор што глуми мермер.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе