Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ги брани насилниците и организаторите на упадот на 27 април

Мицкоски по секоја цена брани осудени насилници и организатори за упадот од 27 април, ВМРО-ДПМНЕ не е излезена од насилничко-режимската матрица. Нервозната одбрана на ВМРО-ДПМНЕ на лицата кои денеска беа осудени како организатори на упадот од крвавиот четврток само потврдува дека во оваа партија нема никаква промена, дека таму се уште е силно присутна режимско насилничката матрица, реагира СДСМ на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„27 април, крвавиот настан на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, кога по налог на Никола Груевски толпа насилници се обидоа да убијат пратеници и новинари и да спречат трансформација на власта. Со денешните пресуди се затвора најсрамното поглавје во историјата на независноста. Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани осудени насилници и криминалци?

Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложништво на политиките на Мицкоски? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски конечно треба да сфатат дека заврши времето на контролирано судство да сфатат дека никако нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството и дека се додека се на страната на криминалците, ќе бидат поразувани од граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе