СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата за оживување на аболицијата на Иванов

Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, аболицијата на криминалци нема да заживее, правда мора да има и ќе има, соопшти СДСМ. 

„Ова е шанса за пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали се за правда или ќе слугуваат на криминалците. Христијан Мицкоски нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето. За предметите за кои се води постапка пред СЈО, а сега се преземени од ЈО правда мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставниот суд која има за цел да ја оживее аболицијата на Ѓорге Иванов против која застанаа сите слободоумни граѓани освен режимската ВМРО-ДПМНЕ”, пишува во партиското соопштение. 

Според партијата, со отворање на постапка пред Уставниот суд за оценка на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали.

„Инсталациите на ВМРО-ДПМНЕ во судството и обвинителството прават се за да го попречат владеењето на правото и да го урнисаат правосудниот систем”, додаваат од СДСМ.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе