СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести ги штити криминалите на Груевски

Една е главата на криминалниот октопод, а таа се наоѓа во Будимешта и се вика Никола Груевски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште се само пипците со кои раководи главата од странство. Освен ширење невистини и одбрана на криминал, ништо друго не излегува од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Измислиците и невистините на ВМРО-ДПМНЕ за некакви возила купени од семејството Заев се показател за очајната состојба во која се наоѓа оваа партија. СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата. Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска средба, но нема бегање од правдата. Идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за јавно обвинителство. Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе