СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за навреди и закани, реагираше СДСМ на вечерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што премолчуваше, туку и директно промовираше насилство кон ЛГБТ заедницата и нејзини претставници. Таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски беше изрично и отворено против одржување на Парадата на гордоста, а уште пожестоко се спротиставуваше на носење на Законот за заштита од дискриминација со која за првпат се воведе сексуалната ориентација како основа за дискриминација.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација”, се вели во соопштението од СДСМ.

Според партијата, колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна.

„Законите важат за сите подеднакво и не смеат и не препознаваат верска, национална, политичка или друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од правдата. Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта”, се додава во соопштението.

 

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе