СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да ги блокира реформите во образованието

ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува да ги блокира реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес во Собранието и надвор од него, соопшти СДСМ.

„Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ непрестано шири лаги и манипулации, сее страв и поделби во јавноста дека ќе се укинуваат предмети, дека учениците ќе останат без учебници, со цел да блокира реформи кои се во интерес на образованието, наставниците и учениците.

Повторно им се случи тотално фијаско на протестите каде освен активистите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, други граѓани немаше, што покажува дека јавноста не ги поддржува погубните политики на партијата предводена од Христијан Мицкоски. Новото фијаско на протестите е потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е грижа за учениците, ниту му е важно образованието, туку важно им е само да ги опструираат реформите во образованието.

Наместо да излезе со конструктивна понуда, дебата и издржани аргументи, ВМРО-ДПМНЕ преку блокади и деструкции се спротивставува и кочи се што е во интерес на граѓаните и државата, се што носи напредок и развој.

Граѓаните одамна ги прочитаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не им даваат поддршка на протестите, затоа шест пати ги казнуваат на избори.

Граѓаните не сакаат државата да ја води ретроградна партија која освен уназадување нема капацитет да понуди ништо друго, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде во опозиција“, соопшти СДСМ.

 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе