Партиска реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ниеднаш не повика на вакцинација

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ниту еднаш не повикаа на вакцинација и почитување на мерките за заштита, но затоа секојдневно шират лажни вести на штета на јавното здравје и продолжуваат со конструкции и невистини да шират вознемиреност во јавноста, да прават штета на јавното здравје заради ситни политички поен, .реагира СДСМ на утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажни вести и срамни невистини се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен недостиг на вакцини, кога досега се аплицирани над 610.000 дози на вакцини, а дневно се вакцинираат по десетици илјади граѓани. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ниту еднаш на апелираа до граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не повикаа да се почитуваат мерки за заштита од коронавирусот, ама затоа знаат секојдневно да шират лажни вести за да го минираат процесот на масовна имунизација, на штета на јавното здравје“, реагира СДСМ.

На крајот од соопштението се нагласува:

„ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена дека во време на пандемија, беше на страната на вирусот, наместо на страната на здравствениот систем и граѓаните“.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе