СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не сака да се зголемува минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка што е во интерес на граѓаните и носи повеќе пари во семејните буџети. Преку членот на Извршниот комитет, Трајко Славевски, ВМРО-ДПМНЕ порача дека се против зголемувањето на минималната плата. Научени само да грабаат од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против тоа платите да растат, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против да расте минималната и сите плати, затоа што се навикнати парите да завршуваат само во белиот дворец, за да се богатат малкумина. Од друга страна, СДСМ преку конкретни мерки и политики обезбедува услови за раст на платите во сите сектори. Платите растат и ќе продолжат да растат, наскоро следува ново зголемување на минималната плата“, соопшти СДСМ.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе