Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ направи само 7км автопат и милиони криминали

За 11 години криминалната ВМРО-ДПМНЕ направи едвај само 7 км автопат, а остави хаос и нерешени проблеми, провизиите и криминалните интереси беа единствен интерес За само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата направи многу повеќе од цели 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ, ги реши сите наследени и нерешени проблеми, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци, со решени имотно правни проблеми, со обезбедени проекти, надвозници, заштити. Решени се сите проблеми на автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км. Четири експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш.

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересираа само провизии и криминални зделки, СДСМ ги решава проблемите што ги оставија и интенизвно гради по план“, се веливо реакцијата на СДСМ.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе